ЗАТОА ШТО НАСМЕВКАТА Е ВАЖНА | БИОСТЕМ Е ИЗВОР НА ЖИВОТОТ

Дали е потребно да се направат одредени тестирања на крвта со цел правилно зачувување и употреба на матичните клетки во иднина?

Според интернационалните стандарди при зачувување на матичните клетки неопходно е примерокот да подлежи на специјални вирусолошки и бактериoлошки тестови. Односно се вршат тестови за вирусолошка детекција на hepatitis B, hepatitis C, HIV 1, HIV 2 и микробиолошки тестови за аеробни и анаеробни бактерии.

Овие тестови се вршат врз зачуваната крв од папочната врвца а ќе бидат искористени во иднина. Најбезбеден метод за откривање на присуство на вируси е the real time PCR тестот со кој дирекно се детектира вирусот кој циркулира по настанатата инфекција. Овој метод се разликува од антиген-антитело тестовите кои се вршат врз крвта на мајката во првото тромесечие и со нив може само индирекно да се детектира присутниот вирус во крвта и тоа преку неговата интеракција со имуниот систем. Присуството на антитела во крвта на мајката и на бебето не ја потврдува вирусната инфекција бидејќи не го потврдува присуството на вирусот.

После вирусна инфекција потребно е време организмот да создаде соодветни антитела,па затоа постои опасност додека мајката е инфицирана, вирусот да помине во крвта на ембрионот и со овој метод не може да се детектира вирусот на време па ќе се добијат лажно негативни резултати иако вирусот е присутен. Имунолошките тестови од крвта на мајката за да бидат валидни мора да се повторат 6 месеци после породувањето. Во случај кога тестот е позитивен на вируси после замрзнување на клетките не е можно да се провери дали матичните клетки се инфицирани или не,затоа што ќе мора прво да се одмрзнат па потоа да се тестираат. Имунолошките тестови кои се вршат врз крвта на бебето после раѓањето ги детектираат само антителата кои нормално поминале од крвта на мајката во крвта на бебето.

PCR методот овозможува директно откривање на вирусите во крвта на детето и ја ослободува мајката од понатамошни континуирани тестови кои се индиректни и претставуваат голема можност и детето да биде заразено со истиот вирус. Овој метод е од голема важност и е неопходен за мајките кои се носители на вирусот бидејќи веднаш се информирани дали вирусот преминал и на новороденчето или не и е од голема важност за одредување на терапијата.

Микробилошките тестови за откривање на аеробни и анаеробни бактерии и габи се вршат со сертифицирана опрема која е осетлива дури на присуство на една колонија. Во случај кога во лабораториите доаѓа инфициран примерок, Biohellenika има специјална опрема со која микроорганизмите се карактеризираат, се испитува нивната патогеност и се одредуваат најсоодветните антибиотици.