ЗАТОА ШТО НАСМЕВКАТА Е ВАЖНА | БИОСТЕМ Е ИЗВОР НА ЖИВОТОТ

-->

Lipo Stem

Матични клетки од масно ткиво

Студиите покажуваат дека матичните клетки што ги имаме во нашето тело може да изгубат дел од својот потенцијал како што нашето тело старее. Како што се зголемува потребата за употреба на регенеративната медицина, потребно е да се зачуваат нашите клетки додека сме млади и здрави. Докторите можат земат масно ткиво при посета како надворешен пациент или при закажана липосукција.

Biohellenika ќе ги зачува и испорача матичните клетки кои се спремни за употреба по одмрзнувањето, кога докторот на пациентот ќе одлучи да ги искористи.

Новите клинички тестирања ги користат матичните клетки од масно ткиво за многу терапевтски апликации, вклучувајќи кардио-васкуларни заболувања, апликација во пластичната и естетската хирургија, скелетна регенерација и дефекти во гастроинтестиналниот тракт.

Зошто криопрезервирањето на матични клетки од масно ткиво во овој момент е најзначајно:

  • Бидејќи можат да се употребат директно и без потешки интервенции кога ќе бидат потребни.
  • Бидејќи овие матични клетки во овој момент од нивниот развој, се млади, еластични и интактни од најразлични заболувања.
  • Бидејќи овие скапоцените матични  клетки може да ги добиете веднаш и со истите да го осигурате и подобрите своето здравје сега и во иднина.
  • Бидејќи масно ткиво поседува секоја човечка индивидуа и од него може да изолираме огромна концентрација на мезенхимални матични клетки.

Начини на собирање стем клетки од масно ткиво

  • Липосукција, каде треба да се изолираат од 200 до 300 мл на масно ткиво
  • Липектомија, каде треба да се изолираат од 200 до 300 мг на масно ткиво
  • За времетраење на една хируршка интервенција, каде во втор акт хирургот би можел да колектира одредена количина на масно ткиво

Клиничките испитувања покажаа дека матичните клетки од масно ткиво веќе имаат најдено свое место во третмани на најразлични заболувања:

  • Инфаркт на срцев мускул (Клиничко испитување финансирано од Cytori)
  • Белoдробни заболувања
  • Физички повреди на рбетен мозок (квадриплегии, параплегии...)
  • Инфаркт на мозокот
  • Регенерирање и зголемување на градите
  • Во третман на фистули, гастроентеролошки улкуси, Morbus Chrohn
  • Естетска медицина – подмладување на кожа, средување на брчки на лицето и решавање на лузни на кожата
  • Акутна бубрежна инсуфициенција
  • Остеоартритис
  • Цироза на црниот дроб
  • Третман на отворени рани

И уште многу други заболувања кои се во завршна фаза на Клиничко испитување.

Експерименатлни студии кои покажуваат ветувачка терапевтска примена во блиска иднина:

  • Мултипл склероза
  • Хеморагични или исхемични удари
  • Повреди на ‘рбетниот стол
  • Паркинсова болест
  • Белодробни заболувања
  • Уринарни потешкотии
  • Акутна бубрежна тубуларна болест по хемотерапија
  • Остеоартритис
  • Заболувања на црниот дроб
  • Дијабетис 1
  • Акутна или хронична срцева исхемија
  • Дијабетични чирови и периферни артериски васкуларни болести

    Повеќе ветувачка терапевтска употреба:

  • Поправка на Интервертебралниот диск
  • Поправка на мускули, коски или тетиви по повреда
  • Поправка на вокални проблеми
  • Корнеална поправка
  • Периодонтални заболувања