ЛАБОРАТОРИИ
Лабораториите на Biohellenika функционираат самостојно 24 часа дневно, 7 дена во неделата, 365 дена годишно и обезбедуваат одлични услови за чување на матични клетки.
Biohellenika денес располага со шест лаборатории (clean rooms)во Солун и три во Атина, за изолирање и замрзнување на матични клетки, одлично опремени, кои се предмет на секојдневна инспекција според најстроги упатства (упатствата на Британското министерство за здравје ISO-14644-5), во согласност со грчкото и европското законодавство.
Лабораториите за контрола на квалитетот Biohellenika се целосно опремени така што сите потребни испитувања се вршат во самата банка.
Лабораториите за контрола на квалитетот имаат уверение од националниот совет за акредитирање, како медицински лаборатории за извештај, со уверение за акредитирање бр.410 врз основа на N.3066/2002 за овој вид на испитувања.
Нова технологија за вирусолошки контроли
За уште подобра услуга на родителите и завршување на квалитетна контрола за откривање вируси, лабораториите на Biohellenika се опремени со најверодостоен, автоматски метод PRC од фирмата Roche, COBAS S 201. Денес овој метод се употребува само од големи државни центри за донирање на крв, врз основа на системите од Европска Унија за потврда на важноста на вирусолошка контрола, поради големата безбедност што ја има во барањето на вирусите. Оваа технологија директно открива присуство на вирус во крвта на детето. Овој метод добива посебно значење и е неопходен за мајките - носители на вируси, кои директно се информираат дали вирусот има поминато на новородоенчето или не и согласно на тоа се одредува терапија.
Галерија
https://www.biostem.com.mk/index.php/profile/laboratories#sigProGalleria6162e27ca0