ЗАТОА ШТО НАСМЕВКАТА Е ВАЖНА | БИОСТЕМ Е ИЗВОР НА ЖИВОТОТ

Дали е возможно матичните клетки да не се користат во иднина или да бидат заменети со други третмани?

Напротив. Се повеќе предклинички и клинички студии за примена, апликација на матични клетки се објавуваат во медицинската литература. После декодирањето на хуманиот ген се појавија нови видови на третмани како што се генската терапија и регенеративната медицина. Матичните клетки имаат потенцијал да создадат ткиво во зависност од тоа во која регија од човечкото тело се имплантирани.

Според студиите матичните клетки може да создадат нови крвни садови (Japanese Study Hints of Home-Grown Heart Bypasses, Reuters, November 7, 1999) во регијата на миокардниот инфаркт, да се трансформираат во нервни клетки по имплантирање во мозочно ткиво кое преживеало мозочен удар или повреда или пак да се трансформират во хематопоетски клетки при третмани на крвни заболувања.