ЗАТОА ШТО НАСМЕВКАТА Е ВАЖНА | БИОСТЕМ Е ИЗВОР НА ЖИВОТОТ

Дали може да ги донирам матичните клетки во јавна банка и да истите да ги употребам во иднина?

НЕ бидејќи во јавна банка примероците се чуваат анонимно. Дури и ако зачуваниот примерок не бил употребен за истражувачки цели или од страна на некој компатибилен пациент семејството нема да биде во можност да ги искористи матичните клетки бидејќи истите се зачувани анонимно. Голем број донори се одбиени од јавните банки како резултат на фамилијарната медицинска историја, медицинската историја на мајката, собраниот волумен или заради резултатите од вирусолошките тестови направени на примерокот или на мајчината крв (Transfusion, January 2000, Vol. 40:1, 124).

Овие донори нема неопходно да бидат одбиени во приватните банки. И најважно од е се е дека јавните банки функционираат според следново правило: зачуваните примероци може да бидат отфрлени после неколку години бидејќи се заменети со нови примероци со слична хистокомпатибилност или пак се отфрлени како резултат на недостаток на простор за нивно складирање.