ЗАТОА ШТО НАСМЕВКАТА Е ВАЖНА | БИОСТЕМ Е ИЗВОР НА ЖИВОТОТ

Кои се разликите помеѓу јавна и приватна банка?

Јавните банки, матичните клетки од крв од папочна врвца ги зачувуваат со единствена цел за нивна трансплантација во хистокомпатибилни пациенти кои имаат малигно или инхерентно заболување на хематопоетскиот систем, а не за нивна примена во регенеративната медицина. Собирањето на крв од папочна врвца за јаните банки се врши само во специјални болници. Дел од собраната крв се користи за одредување на хистокомпатибилноста на детето. Бидејќи типот на хистокомпатрибилност е строго доверлив и приватен матичните клетки се зачувуваат според хистокомпатибилноста, а не според името на донорот.

Во приватните банки матичните клетки се зачувуваат според идентитетот на донорот бидејќи истите може да ги користи само детето или неговото потесно семејство. На овој начин матичните клетки им се директно достапни на семејствата. Во овој случан не се дозволени никакви тестови за хостокомпатибилност освен ако тоа не го побара сопственикот лично или неговиот доктор.

Чувањето на матични клетки во јавни банки е добро за општеството бидејќи им се достапни на сите кои имаат потреба од нив. Од друга страна пак приватните банки даваат можност на секој кој сака да ги зачува сопствените матични клетки за себе или за семејството. Зачуваните матични клетки се животно осигурување кое нуди безбедна идинина.